четврток, 18. октомври 2018. Вести денес: 115
home Кошарка

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се играат во различни денови, во интерес на кошарката и со цел што поголем број вљубеници во овој спорт да присуствуваат на нив.

– Полуфиналната серија од плејофот ќе започне со натпреварот помеѓу второ и третопласираниот на табелата во Суперлигата – екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна. Натпреварот ќе се одигра утре (осми мај) со почеток во 19:00 часот. Натпреварот помеѓу првопласираниот Работнички и четвртопласираниот Куманово ќе се одигра ден подоцна, соопштија од МКФ.

За натпреварите ќе биде обезбеден телевизиски пренос.

Од Федерацијата наведуваат дека по завршувањето на полуфиналната серија ќе биде одржан уште еден состанок со клубовите, а финалната серија од плејофот ќе започне четири дена по завршување на полуфиналната.

На последниот состанок во МКФ со претставниците на МЗТ Скопје, Блокотехна, Работнички и Куманово било потврдено дека ќе се обезбеди фер и коректно однесување на натпреварите.