НБА лигата очекува во сезоната 2021/22 сите арени да бидат исполнети до последно место, објави американска медиумиски компанија ЕСПН.
Планот на НБА лигата е со користење на технологијата на „Clear“, сите 30 НБА екипиа во своите сали да можат да ги следат здравствените протоколи поврзани со коронавирусот. Но, засега лигата планира да им остави на екипите сами да изберат како да ја користат технологијата.
Моментно повеќе од две третини од екипите дозволуваат присуство на ограничен број гледачи на натпреварите, а таа бројка зависиј од здравствените власти во градовите во кои играат екипите.