петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 77
home Кошарка

Скариоло: Знаевме дека Симиќ е талентиран,Барселона не ангажира секого

Скариоло: Знаевме дека Симиќ е талентиран,Барселона не ангажира секого

Селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло, нормално, беше задоволен по победничкиот старт на квалификациите за СП 2023 со убедливиот триумф над Македонија во Скопје, особено што имаше млад состав на располагање.

„Нашата одбрана беше одлична во најголем дел од времето, го задржавме противникот на потпросечен шут и на многу загубени топки, а исто така добро ја движевме топката за што говори големиот број асистенции. Ова беше само еден меч, не можете да го процените квалитетот. Задоволен сум што имавме тројца дебитанти во тимот, што внесовме поголем дел од младинскиот состав. Знаевме дека Симиќ е максимално талентиран, бидејќи Барселона не ангажира кошаркари кои не се квалитетни. Задоволен сум од неговата игра и сигурен сум дека ќе стане одличен играч, само да почне да скока повеќе за играч од неговата позиција. Тој веќе е фантастичен кошаркар, само треба да продолжи да работи напорно“, изјави Скариоло.

foto:  gol.mk

Коронавирус