четврток, 5. август 2021. Вести денес: 156
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Кошарка

СКАНДАЛ: Претседателот на ФИБА под истрага за сексуално вознемирување и злоупотребување

СКАНДАЛ: Претседателот на ФИБА под истрага за сексуално вознемирување и злоупотребување

Претседателот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Хамане Нијанг времено се повлекува од функцијата под притисок на внатрешна истрага против него за наводно сексуално вознемирање и злоупотребување на десетина кошаркарки од Мали.

За случајот информираше весникот „Њујорк Тајмс“ а слични информации обезбеди и Организацијата за заштита на човековите права, Хјуман Рајтс Воч.

Истрагата против Нијанг се вoди за наводно сексуално вознемирување и злоупотребување на кошаркарки од 1999 до 2011 година, во период кога актуелниот прв човек на светската кошарка беше претседател на Кошаркарската федерација на Мали, а потоа и министер за спорт на оваа западноафриканска држава.

Нијанг „остро ги негира“ обвинувањата на негова адреса, кратко соопшти ФИБА.

Коронавирус