петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Кошарка

Сите му се смеат: Гркот Јанис успеа два пати по ред да направи „бунар од слободни“

Сите му се смеат: Гркот Јанис успеа два пати по ред да направи „бунар од слободни“

Грчиот кошаркар Јанис Антетокоунмпо минатата сезона беше прогласен за МВП на НБА лигата, а за него тоа беше најдобрата сезона во кариерата. Но, во претсезоната очигледно не работел на еден дел од неговата игра.

И покрај неговата одлична сезона, 24-годишниот кошаркар на Милвоки не е совршен. Јанис има огромен проблем при изведувањето на слободните фрлања кои ретко ги погодува. Токму ова се случи и вчера, а видеото од изведувањето на кое тој два пати погоди „бунар“ е хит на социјалните мрежи.

Кошаркарот имаше цело лето да ги поправи недостатоците во играта, но тој очигледно не работел на слободните фрлања. Јанис во вчерашниот пораз на Милвоки против Бостон 116-105 запиша 22 поени, 14 скока и пет асистенции.