недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Кошарка

Сите го коментираат неговиот моден избор: Леброн можеби е крал на кошарката, но вкус за облекување нема баш (ФОТО+ВИДЕО)

Сите го коментираат неговиот моден избор: Леброн можеби е крал на кошарката, но вкус за облекување нема баш (ФОТО+ВИДЕО)

Се повеќе кошаркарски експерти се согласуваат дека титулата најдобар играч во историјата која долги години ја има Мајкл Џордан, сега му припаѓа на Леброн Џејмс.

Тој можеби е крал на кошаркарскиот терен, но тешко дека такво нешто би можело да се каже за неговиот вкус за облекување.

Најдобриот кошаркар на денешницата на првиот меч меѓу Кливленд и Голден Стејт дојде прилично интересно облечен и со својот стајлинг го привлече вниманието на сите.

Тој облече т.н. класично одело само што место панталони на себе имаше бермуди и чорапи кои беа високо кренати.

Стајлингот делува како тотално промашување, но сепак не знаеме што модните критичари велат на тоа, но секако би требало да ангажира некој стилист.