понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Кошарка

Шпанија пресилна за македонските кошаркари

Шпанија пресилна за македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Шпанија со 65:94 (14:21,16:20, 17:29, 18:24) во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Подмладениот состав на селекторот Драган Бајиќ му пружи достоен отпор на светскиот првак во воведните две четвртини, заминувајќи на полувреме со негатива од 11 поени разлика (31:40).

Со агресивна игра во третата четвртина Шпанија го скрши отпорот на македонските кошаркари и ја сведе на ревијален карактер завршницата на дуелот во салата „Јане Сандански“.

Најефикасен во македонските редови беше 17-годишниот Теодор Симиќ со 18 поени, додека Џејкоб Вајли запиша 10 поени зад своето име, додавајќи и пет скокови.

Следен противник на македонските кошаркари, в понеделник од 18 часот во Киев е репрезентацијата на Украина, која претходно вечерва во воведниот натпревар од групата Г загуби на гостувањето во Грузија со 88:83. (МИА)

 

Коронавирус