вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Шпанија е новиот владател во светот: „Црвената фурија“ ја збриша Аргентина

Шпанија е новиот владател во светот: „Црвената фурија“ ја збриша Аргентина

Кошаркарите на Шпанија вторпат во седумдецениската историја на Мундобаскетот е најдобра во светот, откако попладнево, далеку полесно од очекувањата, во големото финале на Светското првенство (СП) во Кина ја совлада Аргентина со 95-75.

За „црвената фурија“ ова е повторување на успехот од 2006 година во Јапонија, кога во битката за златото ја совлада Грција, исто така на убедлив начин како што денеска беше подобра од „гаучосите“ (70-47).

Рики Рубио со 20 поени и седум скока беше најпрецизен во составот на Шпанија, Серхио Љуљ постигна 15, а Марк Гасол средбата ја заврши со 14 поени, седум скока и седум асистенции. Кај Аргентина најпрецизни беа Габриел Дек со 24 и Николас Лапровитола со 17 поени, а потфрли ветеранот Луис Скола, кој средбата ја заврши со осум поени, но шут од поле 1/10.

Бронзениот медал заврши кај кошаркарите на Франција, кои во „малото финале“ беа подобри од Австралија (67-59). Следниот Мундобаскет е за четири години односно во 2023 година, а домаќини ќе бидат Филипини, Јапонија и Индонезија.