понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 84
home Кошарка

Шок од Црна Гора: Пековиќ се бори за живот, болен од коронавирус

Шок од Црна Гора: Пековиќ се бори за живот, болен од коронавирус

Поранешниот кошаркар на Партизан и на Минесота тимбервулвс, Никола Пековиќ, се наоѓа во тешка состојба откако заболел од коронавирус, објавија српските медиуми повикувајќи се на извори од клиниката во Подгорица, пренесува Екипа.мк.

Долгогодишниот црногорски репрезентативец е заразен од коронавирус, примен во болницата во Подгорица уште пред петнаесетина дена, но состојбата во меѓувреме му се влошила и од неодамна бил приклучен на респиратор. Според овие информации Пековиќ се бори за живот, но од болницата не откриваат повеќе детали за неговата состојба.

Никола Пековиќ има 34 години, а по завршувањето на играчката кариера извесно време беше претседател на Партизан. Од почетокот на годинава тој ја извршува функцијата тим-менаџер во кошаркарската репрезентација на Црна Гора.

Коронавирус