понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 12
home Кошарка

Шест прволигаши ќе настапат на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

Шест прволигаши ќе настапат на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

Екипите на ТФТ Скопје и Навико Академија ФМП денес го организираат меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски.

Од денес, во наредните четири дена шест екипи поделени во две групи ќе му оддадат чест на истакнатиот кошаркарски работник.

Учество зедоа шест прволигаши, кои ќе се борат да дојдат до трофејот во подготвителниот турнир.

Во групата А ќе настапат екипите на ТФТ, Работнички и Феникс 2012, а натпреварите ќе се одиграат во СРЦ „Кале“, додека во групата Б во салата „Независна Македонија“ ќе играат Навико Академија ФМП, Куманово и Ангели.

Денес, со натпреварот меѓу ТФТ и Феникс од 18:30 часот ќе започне турнирот, а ќе продолжи со вечерниот дуел на Академија ФМП и Куманово.

 

  • Распоред на натпревари:

8 септември (среда)
ТФТ – Феникс 2010 (18:30 часот)
Навико Академија ФМП – Куманово (20:30 часот)
9 септември (четврток)
ТФТ – Работнички (18:30 часот)
Навико Академија ФМП – Ангели (18:00 часот)
10 септември (петок)
Работнички – Феникс 2010 (18:30 часот)
Ангели – Куманово (18:00 часот)

По двете најдобри екипи од двете групи ќе играат во полуфиналето в сабота, додека во недела е финалниот ден.

Коронавирус