петок, 23. април 2021. Вести денес: 46
home Кошарка

Шампионот ЛА Лејкерс поразен од Мајами

Шампионот ЛА Лејкерс поразен од Мајами

Откако ззагуби дома од Бруклин Нетс, ноќеска Лос Анџелес Лејкерс запиша нов пораз дома и тоа од Мајами Хит со 96-94.

На паркетот во Лос Анџелес најефикасен беше гостинскиот бек Кендрик Нан со 27 поени, а веднаш зад него беше неговиот соиграч Џими Батлер со 24 поени.

Кај домашните 23 поени постигна Кајл Кузма.Лејкерс е на делба на 2. место на Западот со скор од 22-9 колку што има и градскиот ривал Клиперс. Мајами е 10-ти на Истокот со скор од 13-17.

Резултати:
Шарлот Хорнетс – Голден Стејт Вориорс 102:100
Лос Анџелес Лејкерс – Мајами Хит 94:96
Хјустон Рокитс – Индијана Пејсерс одл.
Чикаго Булс – Сакраменто Кингс 122:114
Мемфис Гризлис – Феникс Санс 87:128
Портланд Треил Блејзерс – Вашингтон Визардс 111:118

Коронавирус