понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 147
home Кошарка

Шампионот Голден Стејт „падна“ во Хјустон

Шампионот Голден Стејт „падна“ во Хјустон

Актуелниот НБА шампион, екипата на Голден Стејт претрпе убедлив пораз со 127:105 рано утрово на гостувањето кај Хјустон во вториот дуел од финалето на Западната конференција.

Домаќините во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата. Најдобар играч на средбата во „Тојата Центар“ беше Кевин Дурант со 38 поени. Во победничкиот тим се истакнаа Гордон и Харден со по 27 поени.

По двата дуела во Хјустон резултатот е изедначен 1-1 во победи.

Серијата се сели на теренот на Голден Стејт кој ќе биде домаќин на следните два натпревара закажани за 21 и 23 мај.

Место во големото финале ќе обезбеди тимот кој прв ќе стигне до четири победи.