четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 71
home Кошарка

Селекторот Драган Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“

Селекторот Драган Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“

Предводникот на нашиот сениорски национален кошаркарски тим, селекторот Драган Бајиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина.

– Бајиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за Светскиот куп, закажан за први јули, кога гостуваме кај репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14 кошаркари. Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25 јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија, информираат од Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.

Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4 јули во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18 часот, ни гостува селекцијата на Украина.

Коронавирус