вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Кошарка

Секоја чест за Нуркиќ: Со оваа донација покажа дека е голем човек!

Секоја чест за Нуркиќ: Со оваа донација покажа дека е голем човек!

Центарот на Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ донираше дури 125 тони на луѓето на кои им е потребна помош во неговата татковина.

Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус.

-Јусуф помогна во разни хуманитарни активности во последните години и секогаш инсистираше на анонимност, се вели во изјавата на организацијата.

Додаваат и дека се надеваат дека по оваа помош кошаркарот ќе добие поголема поддршка од пошироката јавност. (МИА)