недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Кошарка

Се огласи еден од учесниците во сообраќајката на кошаркарот Кузмиќ

Се огласи еден од учесниците во сообраќајката на кошаркарот Кузмиќ

Кошаркарот на Црвена Звезда Огњен Кузмиќ, е тешко повреден по денешната сообраќајна незгода на патот Приједор- Бања Лука кога неговото „Порше“ удри во „БМВ“ кое одело од спротивен правец.

Кузмиќ и Богдан Милиќ кој бил со него, се тешко повредени, а две лица од БМВ-то минале со полесни повреди. Еден од нив бил и боксерот Дражен Јанјанин кој открил што се случувало во тешката сообраќајна незгода.

-Утрото околу пет часот на една кривина пред нас само се појавија светла. Автомобилот со голема брзина возеше и помина во нашата лента. За среќа успеавме да го избегнеме директниот судар, но Поршето удри во нашиот заден дел. Го скршив прозорот, го извлеков мојот пријател и отидовме веднаш до другото возило. Тоа беше превртено на кров и надвор од патот. Од автомобило се слушаше гласна музика и некој како рчи. Веднаш дојде брза помош и ги извлече од автомобилот, изјави Јанјанин кој додаде дека им посакува брзо закрепнување на Кузмиќ и неговиот пријател.

Извор: Спорт медиа