среда, 12. август 2020. Вести денес: 158
home Кошарка

Само во НБА: Србите Бјелица и Богдановиќ и Гркот Јанис ќе играат во – затвор!

Само во НБА: Србите Бјелица и Богдановиќ и Гркот Јанис ќе играат во – затвор!

Новите трендови во кошарката најчесто потекнуваат од НБА, поради што не зачудува најновата информација од најсилната лига на светот дека екипите на Сакраменто кингс и Милвоки бакс ќе одиграат меѓусебни натпревари во неколку американски затвори.

„Кралевите“, за кои настапуваат српските репрезентативци Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ следната недела ќе го одиграат првиот меч во затвор во Северна Калифорнија на локација која сѐ уште не се открива и тоа на терен на отворено, а подоцна овој месец истото ќе го сторат и „елените“, чија главна ѕвезда е Гркот Јанис Антетокумпо. Финалето на целата приказна ќе се случи на 10 февруари кога двата тима ќе одиграат меѓусебен натпревар, на локација која дополнително ќе биде одредена.

Овие два тима нема да бидат единствени кои ќе бидат дел од иницијативата „Играј за правда“, а имињата на останатите НБА и ВНБА екипи кои ќе играат по затвори ќе бидат објавени до крајот на годинава.

Коронавирус