петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 44
home Кошарка

Русија победи против Естонија,на ред се нашите кошаркари !!!

Русија победи против Естонија,на ред се нашите кошаркари !!!

Кошаркарската репрезентација на Русија во Перм славеше над Естонија со 75-52 во рамките на квалификациите за Европското првенство и во последното коло Естонците и Македонија ќе одлучат во директна пресметка за место ЕП.

„Зборнаја“ доминираше во текот на целата средба и заслужено победи. Најдобри кај победникот беа Бабурин со 14, Воронцевич со 13 и Кулагин со 12 поени, додека кај Естонците, Јоесар имаше десет поени.

Сега на Македонија да патува на ЕП, потребна е победа против Естонците од десет поени разлика.Првиот дуел кој во февруари 2020 година се одигра во Скопје заврши со висок триумф на Естонија 81-72.

Локални избори 2021