понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 186
home Кошарка

Рондо сепак се враќа во ЛА Лејкерс

Рондо сепак се враќа во ЛА Лејкерс

Американската телевизија “ЕСПН“ објавија дека Рашон Рондо ќе се врати на местото на успехот, односно повторно ќе го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Рондо беше испратен од Лос Анџелес Клиперс во Мемфис Гризлис, но не планира да остане таму, па сега повторно се поврзува со Лејкерс.

Искусниот кошаркар играше за Лејкерс од 2018 до 2020 година, а успеа со тимот и да го освои шампионскиот прстен.

Пред да игра за Клиперс, Рондо го носеше дресот на Атланта хокс, а во просек постигнуваше по 5,4 поени и 4,4 асистенции

Локални избори 2021