недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Кошарка

Рондо ќе дојде во Орландо, но сè уште нема да се приклучи на тимот

Рондо ќе дојде во Орландо, но сè уште нема да се приклучи на тимот

Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Френк Вогел изјави дека Раџон Рондо утре ќе пристигне на Флорида. Тој ќе помине извесно време надвор од комплексот, пред да влезе во кампусот и да се стави во карантин, објави „ESPN“.

Рондо заработи скршеница на десниот палец пред три недели за време на тренинзите и беше подложен на операција. Прелиминарниот период на закрепнување е 4-6 недели.

Во Лејкерс очекуваат кошаркарот да го имаат на располагање за плејофот во препознатливата за него форма. (МИА)

Коронавирус