сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 7
home Кошарка

Риверс останува тренер на Клиперс и покрај поставениот антирекорд

Риверс останува тренер на Клиперс и покрај поставениот антирекорд

Тренерот на НБА-лигашот Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс ќе остане на функцијата и следната сезона.

Според „Јаху Спортс“, клубот не ја разгледува опцијата за смена на Риверс и покрај тоа што Клиперс бае поразен од Денвер во полуфиналето на Западната конференција на НБА.

Клиперси водеа со 3-1 во победи, а на крајот загубија во серијата со 3-4 и не успеаја да се пласираат во финалето на конференцијата. Тоа на екипата на Лос Анџелес не и успева веќе 50 години, резултат апсолутно најлош во која било поголема американска спортска лига.

Коронавирус