сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 49
home Кошарка

“Револверашката” пресметка помеѓу Дурент и Јанис му припадна на Гркот (ВИДЕО)

“Револверашката” пресметка помеѓу Дурент и Јанис му припадна на Гркот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки во дербито на вечерта во НБА лигата го совладаа Бруклин со 117-114. Милвоки до триумфот ги предводеше Јанис Адетокумбо со неверојатни 49 поени со осум скока и четири асистенции и Крис Мидлтон додаде 26 поени на кои имаше 11 скока и шест асистенции.

Кевин Дурент, пак на другата страна одговори со 42 поени, осум скока и две асистенции. Кајри Ирвинг даде 20 поени. Филаделфија, го победи Сан Антонио со 113-111 so кош од одбојка на Бен Симонс во последната секунда.

Лос Анџелес Lејкерс загуби од Торонто репторс со 114-121. Во канадскиот тим феноменални беа Паскал Сиакам со 39 поени и 13 скока, и Кајл Лаури со 37 поени и 11 асистенции. Леброн Џејмс играше за Езерџиите, но во средината на последната четвртина замина во соблекувална и не се врати на терен.

Далас Mаверикс загуби од од Сакраменто со 111-99, а во финишот на средбата исклучен беше Лука Дончиќ.

Коронавирус