недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Репрезентативецот Ѓуроски го победи коронавирусот

Репрезентативецот Ѓуроски го победи коронавирусот

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се излечи од коронавирусот и се врати на обврските во својот матичен клуб во Шпанија.

Поради позитивен тест на Ковид-19, Ѓуроски не отпатува минатиот месец со македонската репрезентација на евро-квалификациите во Талин, кои, во меѓувреме беа откажани, поради неколкумина позитивни на коронавирус во „црвено-жолтиот“ табор.

– Добив негативен тест на последната медицинска проверка. Веќе почнав со тренинзи, и тоа е во овој момент најдобрата можна вест која можев да ја добијам. И претходно немав симптоми, но поради позитивниот тест морав да останам во изолација, и без тренинзи со екипата, но и оние предвидени настапи за нашиот национален тим во Талин, кои за жал, не ги одигравме, изјави Ѓуроски за официјалниот сајт на македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).

Македонскиот репрезентативец се очекува в недела да се врати во составот на ХЛА Аликанте за мечот против Гранада во шпанската Втора лига, во која тимот на Ѓуроски има максимален скор во воведните шест кола.

Коронавирус