вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 29
home Кошарка

Рекордна вечер за Никола Јокиќ, но на крајот Денвер поразен

Рекордна вечер за Никола Јокиќ, но на крајот Денвер поразен

Никола Јокиќ успеа да оствари рекорд на кариерата во НБА лигата, откако во мечот со Сакраменто Кингс постигна неверојатни 50 поени.

Сепак, тој учинок не беше доволен за Денвер, бидејќи српскиот ас немаше адекватна поддршка од остатокот од екипата, а тоа резултираше со 10-ти пораз за Нагетс сезонава 114:119.

Лука Дончиќ и Стеф Кари имаа шутерски дуел во новото соочување меѓу Далас и Голден Стејт, кој Маверикс го добија со 134:132.

Кари имаше импресивен настап постигнувајќи 11 тројки 57 поени, но и тоа не беше доволно да донесе победа за „воините“ на овој меч.

Од другата страна, Дончиќ го израмни својот личен рекорд со 42 поени, а забележа и 11 асистенции и 7 скокови, предводејќи го Далас до важна победа.

Дербито на истокот меѓу Филаделфија и Бруклин им припадна на домаќините (124:108), откако Харден (26 поени и дабл-дабл) не можеше да му се спротивстави на лидерот без помошта на Дурент и Ирвинг. Ембид со 33 поени бил најдобар реализатор во победничкиот тим.

Лос Анџелес Лејкерс мораше да игра две продолженија за да го победи Детроит (135:129), а вообичаено кај шампионот најдобри реализатори беа Џејмс со 33 и Дејвис со 30 поени.

ЕУРО 2020

Македонија