недела, 26. септември 2021. Вести денес: 45
home Кошарка

Расел Вестбрук доаѓа во ЛА?

Расел Вестбрук доаѓа во ЛА?

Лос Анџелес Лејкерс тргнува по потписот на Расел Вестбрук, пренесуваат американските медиуми. Имено по елиминацијата годинава и не успевањето да ја одбранат титулата, Лејкерс тргнуваат по трета ѕвезда која би го комплетирала тимот со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Германецот, Денис Шрудер минатата година не ги исполни очекувањата од раководството на франшизата од ЛА, па затоа сега на големо се бара негово замена. Затоа Шрудер би требало да замине во Вашингтон Визардс во замената за Вестбрук, а исто така во главниот град на САД ќе бидат испратени и Кајл Кузма и Тален Хортон-Такер.

Доколку не успее да се доведе Вестбрук, Лејкерс се заинтересирани и за Крис Пол кој годинава успеа да стигне до финалето со Феникс Санс.

Коронавирус