сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Кошарка

Работнички тешко до планираните бодови на премиерата на новата сезона

Работнички тешко до планираните бодови на премиерата на новата сезона

Кошаркарскиот клуб на Работнички ја отвори со победата новата натпреварувачка сезона во домашното првенство, но тоа го направи со доста мака против вториот тим на МЗТ Скопје и резултат од 78:85.

Резултатската вртелешка во првите три четвртина направи да гледаме навистина возбудлива завршница уште во првото коло, но тимот на МЗТ Скопје Уни Банка сепак потклекна во последната минута во која Марковски погоди за плус пет, што беше најава за крај на неизвесноста.

Работнички освои планирани бодови на крајот и ја запиша првата планирана победа во новата кошаркарска сезона во Македонија, а најзаслужни за тоа беа Емерсон со 21 и Марковски со 15 поени.

Во противничкиот табор, се истакнаа Рансом со 21 и Петровски со 18 реализирани поени.

Коронавирус