вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 3
home Кошарка

Работнички потешко од очекувањата го совлада МЗТ Скопје 2

Работнички потешко од очекувањата го совлада МЗТ Скопје 2

Кошаркарскиот клуб Работнички го совлада вториот тим на МЗТ Скопје со 84-77. Момците на Димитар Мираковски помотивирано го започнаа натпреварот и по првите 10 минути стекнаа позитива од седум поени (19-12), која на полувреме минимално се зголеми на 40-32.

Најдобар во редовите на победничката екипа беше Питс со 32.поени (10/14 во шутот за два поени, а солиден ефект имаа и Аска и Ефремовски со по 14 поени. Кај МЗТ Скопје 2 Митревски имаше 17, а Зекири 14 поени.

Со оваа победа „центарци“ останаа во игра за првата позиција на табелата. Сега имаат ефект (15-6) со кој го делат второто место со Еуро Никел 2005.

ЕУРО 2020

Македонија