петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 176
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Кошарка

Работнички подобар од МЗТ Скопје во првото вечно дерби од новата сезона

Работнички подобар од МЗТ Скопје во првото вечно дерби од новата сезона

Кошаркарите на Работнички славеа победа над МЗТ Скопје Аеродром вечерва во „Градски парк“ со 94:90.

Во меч неизвесен до самиот крај, Американецот во МЗТ, Гочер промаши две слободни фрлања на седум секунди пред крајот при водство на домашинот со 91:90.

Питс со 29 и Балмазовиќ со 19 поени беа најзаслужните за триумфот на Работнички, Олуџоби со 19 и Магдевски со 17 поени беа најефикасни во гостинскиот тим.

На првиот денешен дуел од 1.коло МЗТ Скопје Уни Банка на домашен терен загуби од Еуро Никел со 75:79.

Вчера: ТФТ – Куманово 82:83 и Академија ФМП – Гостивар 84:75.

Одложени се натпреварите: Вардар – Црн Дрим и Кожув – Пелистер.

Коронавирус