петок, 14. мај 2021. Вести денес: 67
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во посета на општина Битола

home Кошарка

Работнички немаше проблеми со Вардар

Работнички немаше проблеми со Вардар

Кошаркарскиот клуб Работнички славеше над Вардар на домашен терен со 92-72 и им се врати на победите во македонскиот кошаркарски шампионат и борбата за подобар пласман пред разигрувањето за титула.

Одличен натпревар одигра новото засилување Иван Аска. Американецот постигна 30 поени и додаде уште осум скока и беше убедливо прв стрелец пред Питс со 25 поени.

Трет стрелец кај Работнички беше Виктор Ефремовски со 15 поени. Кај Вардар, Диксон даде 19 поени, а високиот Дујковиќ застана на десет.

Работнички има одиграно 19 натпревари, а зад своето име има скор 13-6.

Коронавирус