понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 88
home Кошарка

Работнички и МЗТ Скопје забележаа нови победи во шампионатот

Работнички и МЗТ Скопје забележаа нови победи во шампионатот

Кошаркарските клубови на Работнички и МЗТ Скопје забележаа нови победи во македонското кошаркарско првенство.

Работнички се мачеше на гостувањето кај Црн Дрим и дури во последниот период успеа да ја совладаат струшката екипа со резултат 78:85.

Питс со 25 и Аска со 19 поени биле најпрецизни во скопскиот состав, додека кај Црн Дрим Грин Мобиле, Пантиќ и Соколовиќ реализирале по 15 поени.

Натпреварот меѓу ТФТ и МЗТ Скопје требаше да биде дерби, но составот од Аеродром одигра одлично прво полувреме кое го заврши со резултат 35:57, а во третиот период водеше и со 28 поени разлика. До крајот МЗТ Скопје рутински ја одржа предноста за победа 78:97 и заслужено ги освои бодовите.

Олуџоби со 18 и Крстевски со 14 поени беа предводници кај реализаторите на МЗТ, додека во редовите на ТФТ, Смит го завршил натпреварот со 18 поени.

ЕУРО 2020

Македонија