вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 159
home Кошарка

Работнички и Еуро Никел со почетни победи во разигрувањето за титулатакош

Работнички и Еуро Никел со почетни победи во разигрувањето за титулатакош

Кошаркарските екипи на Работнички и на Еуро Никел се победи го започнаа разигрувањето за титулата во  домашниот машки кошаркарски шампионат.Работнички со 72:65 го совлада ТФТ , додека Еуро Никел со 90:79 беше подобар Гостивар и поведоа во плеј-оф сериите со 1-0.

Питс со 16 поени и Аска со 15 поени и 11 скокови беа најдобри во тимот на Работнички, додека кај ТФТ, Бејли имаше дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови.

Рикиќ имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови,Мијатовиќ постигна 18 поени додека Соколов 17 за Еуро Никел, додека кај тимот на Гостивар најдобри беа Тодоровиќ со 20 и Јанески со 19 поени.

Коронавирус