петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 95
home Кошарка

Работнички гради тим, донесе шампионски плејмејкер

Работнички гради тим, донесе шампионски плејмејкер

Екипата на Работнички официјално се засили со американскиот плејмејкер Хајден Лесколт, кој се гледа како големо име во новиот состав кој ќе го предводи тренерот Димитар Мираковски.

Лесколт, кој има 27 години, во таборот на Работнички доаѓа од Австрија каде настапуваше за Оберварт и беше МВП. Во просек тој имаше 17,5 поени и 6,3 асистенции по натпревар, што доволно говори за неговиот квалитет.

Договорот на двете страни е потпишан за наредната сезона. Лесколт ќе му се стави наскоро на располагање на новиот тренер и ќе биде на прозивката на тимот пред стартот за новата сезона.