четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Кошарка

Работнички го потпиша центарот Иван Аска

Работнички го потпиша центарот Иван Аска

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив скопски Работнички продолжи да го формира ростерот за дел од сезоната кога ќе се разигрува за титулата.

Поради тоа потпишан е 30-годишниот Иван Аска од САД, објави „Спортандо“. Американецот доаѓа од израелската екипа Хапоел Хевел каде во просек бележеше 21 поен и 8,6 поени по меч во минатата сезона.

Во кариерата настапуваше за Колосос, Нанси, ПАОК, Ирони Рамат Ган, Ирони Нес Зиона, Кангрејерос, Икарос Халкидас и Леувен. Аска е и репрезентативец на Девствените Острови.

 

Коронавирус