среда, 28. јули 2021. Вести денес: 115
home Кошарка

Работнички го елиминира Еуро Никел, вечно дерби во финалето на Купот

Работнички го елиминира Еуро Никел, вечно дерби во финалето на Купот

Кошаркарите на Работнички вечерва го совладаа Еуро Никел (85:79) и обезбедија пласман во финалето на македонскиот кошаркарски куп. Најтрофејниот тим во македонскиот куп го контролираше третиот период и влезе со предност 61:57 во решавачката етапа, која донесе возбудлива завршница.

Со поените на Рикиќ, Еуро Никел израмни на 79:79 на 94 секунди до крајот, но следуваа поени на Бундовиќ за нова предност на Работнички, додека противникот погреши на спротивната страна.

Еуро Никел доби уште една шанса да израмни, па и да поведе, но Дубински не реализираше удар за три поени на 29 секунди до крајот, по што следуваше пенал завршница, во која Работнички ги постави конечните 85:79.

Бундовиќ со 29 и Мулалиќ со 17 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека Рикиќ и Петровски постигнале по 16 поени во тимот на Еуро Никел.

Со вечерашната победа, Работнички се избори за место во финалето, во кое во недела ќе се сретне со вечниот ривал МЗТ Скопје.

Коронавирус