понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 5
home Кошарка

Првиот собир на македонските кошаркари поместен за една седмица

Првиот собир на македонските кошаркари поместен за една седмица

Македонските кошаркарски репрезентативци кои добија повик од селекторот Јорданчо Давитков, првиот собир ќе го одржат на 18 јуни, седум дена подоцна од првично предвидениот датум (11 јуни) за старт на подготовките.

Ова се должи на одлуката Давитков да им даде уште седум дена одмор на своите избраници кои имаа напорни натпреварувачки сезони.

Репрезентативците до 27 јуни ќе тренираат во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, а потоа ќе отпатуваат за Фрибург каде ќе го одиграат последниот натпревар во рамки на првата фаза од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.

По три одиграни натпревари сместени во два прозора македонската репрезентација е на врвот на табелата во групата А, без пораз.

Натпреварот против Швајцарија ќе се одигра на 28 јуни, со почеток во 19 часот и 30 минути.

Давитков за овој дуел ги повика: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко и Александар Штерјов.