четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Кошарка

Првакот на кошаркарската АБА лига ќе игра следната сезона во Евролигата

Првакот на кошаркарската АБА лига ќе игра следната сезона во Евролигата

Екипата која сезонава ќе триумфира во регионалната кошаркарска АБА лига ќе добие „вајлд-карта“ за настап и следната сезона во елитната Евролига, објави денеска кошаркарскиот реномиран портал eurohoops.net.

За освојувачот на АБА лигата ќе биде предвидена една од двете специјални покани. АБА е единствената лига која нема ниту еден клуб со таканаречена А-лиценца, долгорочна лиценца или повеќегодишна лиценца за настап во елитноито клупско натпреварување, но ќе добие една од двете „вајлд – карти“, додека преостанатата најверојатно ќе ја добие Валенсија, Виртус Болоња или Зенит.

Коронавирус