понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Кошарка

Прва победа за Денвер во серијата со Лејкерс

Прва победа за Денвер во серијата со Лејкерс

Екипата на Денвер забележа победа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес лејкерс во НБА плејофот.

„Нагетс“ ноќеска славеа со 114:106 најмногу по заслуга на Џамал Мареј кој имаше дабл-дабл ефект со 28 поени и 12 асистенции, притоа додаде и осум скока.

Во поразениот тим, Леброн Џејмс оствари трипл-дабл, постигнувајќи 30 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Моменталниот резултат е 2-1 во серијата прв до четири победи.

И во источното финале резултатот е 2-1. Води Мајами против Бостон, а следниот дуел во оваа пресметка е вечер во 2:30 часот по полноќ.

Коронавирус