петок, 24. септември 2021. Вести денес: 66
home Кошарка

Прва европска титула за Анадолу Ефес

Прва европска титула за Анадолу Ефес

Екипата на Анадолу Ефес славеше над Барселона (86-81) и ја освои титулата во кошаркарската Евролига.

Четата на Атаман покажа подобра игра во финалниот меч и за првпат во својата историја дојде до најголемиот трофеј на стариот континен. Шпанскиот претставник беше подобар само во првите 10 минути (22-15) за да потоа Анадолу Ефес заигра на повисоко ниво на двете страни на теренот, го преземе водството и го држи се до последниот период во кој каталонците израмнија на 72-72.

Потоа одновно дојдоа минути за новиот европски шампион кој дојде до плус седум и потоа рутински го заврши мечот во своја корист за испишување на нова страница во клупската историја.

Тандемот Мициќ-Ларкин искомбинираа 46 поени и беше најзаслужно за оваа титула, додека кај Барселона се истакна Хигинс со 23 кошеви.

За МВП на завршниот турнир заслужено беше прогласен Мициќ кој во наредната сезона најверојатно ќе го гледаме во НБА лигата,поточно во тимот на Оклахома.

Коронавирус