вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 110
home Кошарка

ПРВ ПАТ ПО 25 ГОДИНИ: Лејкерс изгуби на гостувањето кај Оклахома

ПРВ ПАТ ПО 25 ГОДИНИ: Лејкерс изгуби на гостувањето кај Оклахома

Екипата на Лос Анџелес лејкерс, ноќеска загуби на гостувањето кај Оклахома со 123:115 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата.

Тимот од Лос Анџелес загуби натпревар за прв пат по 25 години, вклучително и играњето во плејофот, кога имал предност од 25 поени или повеќе. Максималната предност на Лејкерси против Оклахома беше 26 поени.

Пред овој меч, Лејкерси победија на 230 натпревари во низа кога воделе со 25 или повеќе поени разлика.

Лејкерси се на седмото место на табелата во Западната конференција со две победи и три порази. (МИА)

Коронавирус