сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 29
home Кошарка

Проблеми за Милвоки, се повреди Јанис

Проблеми за Милвоки, се повреди Јанис

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо заработи повреда на скочниот зглоб што го принуди да го напушти натпреварот против Хјустон Рокетс уште во првата минута.

При еден влез Гркот стапна на ногата на Кели Олиник, по што замина во соблекувалната и повеќе не се врати. Засега нема информации колку долго ќе отсуствува првата ѕвезда на Бакси.

„Се надевам дека не е ништо сериозно. Ќе видиме како ќе биде по терапијата. Тогаш ќе знаеме повеќе информации“, рече Мајк Буденхолцер, тренерот на Милвоки.

Најкорисниот играч во НБА во претходните две години, оваа сезона има просек од 20,8 поени, 9,1 скок и 5,6 асистенции по натпревари и повторно е во потесниот круг за престижната награда.

Коронавирус