вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Кошарка

Познато во која сала ќе си ги одмерат силите Македонија и Косово

Познато во која сала ќе си ги одмерат силите Македонија и Косово

Градот Гевгелија и спортската сала „26 април“ ќе бидат домаќин на натпреварот меѓу Македонија и Косово закажан за 2 декември, недела, со почеток во 20:15 часот.

„Жолто-црвените“ ќе се обидат да запишат трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски заедно со градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков ја официјализираа соработката меѓу двете страни која ќе резултира со одигрување на натпреварот во Гевгелија.

-Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака, како и за условите на одигрување на натпреварот – од комплексот хотели до спортската сала. Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме втори декември, се вели во соопштението.