вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 31
home Кошарка

Познати судиските тројки за женскиот Ф4 турнир во македонски кошаркарски куп

Познати судиските тројки за женскиот Ф4 турнир во македонски кошаркарски куп

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги одреди и официјалните лица кои ќе се грижат за регуларност на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“.

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кој стартува денес, од 14 часот, ќе го судат Митев, Данев и Стоева, додека во улога на делегат ќе биде Бошков.

Три часа подоцна, поточно од 17 часот, вториот полуфинален меч, Баскет КАМ – Вардар ќе го суди судиската тројка: Ѓорески – Петровски – Јакова, а улогата на делегат му е доверена на Анастасијевиќ.

Познати се и официјалните лица за натпреварот кој ќе го даде новиот освојувач на Купот. На теренот во СРЦ „Кале“, во сабота, од 17 часот, ќе бидат Златевски, Крстевски и Јакимовски, чија работа ќе ја контролира Велкоска.

ЕУРО 2020

Македонија