вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 34
home Кошарка

Познати сите учесници на женскиот Евробаскет во јуни

Познати сите учесници на женскиот Евробаскет во јуни

По завршницата на февруарскиот „прозорец“  познати се сите учесници на Евробаскетот 2021 во женска конкуренција. После три „прозорци“, вкупно 34 национални селекции го определија составот на собирот на најдобрите кој оваа година ќе се одржи во Шпанија и во Франција.

Деветте победници на исто толку групи, плус пет најдобри кои завршија како второпласирани, им се придружија на ко-организаторите на Европскиот шампионат кој е закажан за периодот од 17 до 27 јуни.

Како победници на квалификациските групи на ЕП се пласираа: Белорусија, Белгија, Хрватска. Чешка, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Шведска, додека БиХ, Грција, Италија, Црна Гора и Турција се петте најдобро второпласирани селекции во квалфикациите.

Директен пласман обезбедија домаќините, селекциите на Франција и на Шпанија. Ждрепката за најголемото европско кошаркарско натпреварување во женска конкуренција во оваа година, ќе се одржи на 8 март, во Валенсија.

Овие 16 национални тимови ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции.

ЕУРО 2020

Македонија