понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 53
home Кошарка

Познати сите учесници на Мундобаскет 2019

Познати сите учесници на Мундобаскет 2019

Во директен дуел за пласман на Светското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Порторико го победи Уругвај со 65:61 и им се приклучи на САД и Аргентина кои од Е-групата во јужноамериканските квалификации  обезбедија учество на Мундијалот.

На Светското првенство кое од 31 август до 15 септември оваа година ќе се игра во Кина, за првпат ќе учествуваат 32 екипи. Африка има пет претставници, Азија и Океанија осум, од Европа 12, додека Америка седум.

Листа на учесници на Мундобаскет 2019:

Африка: Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Сенегал, Тунис.

Азија и Океанија: Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Јордан, Нов Зеланд, Филипини, Кореја.

Европа: Чешка, Франција, Германија, Грција, Литванија, Италија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија, Турција.

Америка: Аргентина, Бразил, Канада, САД, Венецуела, Порторико, Доминиканска Република.

Селекциите ќе бидат поделени во осум групи, двете првопласирани од секоја група одат во следната фаза.

Коронавирус