среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 14
home Кошарка

Познати петорките за Олстарот: Дончиќ ќе игра покрај Џејмс (ФОТО)

Познати петорките за Олстарот: Дончиќ ќе игра покрај Џејмс (ФОТО)

Во Чикаго на 16 февруари ќе се одржи Олстар-мечот, а капитени на Западот и Истокот ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.

Тие двајца добија најмногу гласови, па ова за „кралот“ ќе биде дури 16. учество на Олстар-дуелот и така се израмни со Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Покрај Џејмс во петорката на Западната конференција се уште и Лука Дончиќ од Далас, Џејмс Харден од Хјустон, Кави Ленард од Клиперс и Ентони Дејвис од Лејкерс.

Петорката на Истокот е составена од Јанг од Атланта, Кемба Вокер од Бостон, Антетокумпо од Милвоки, Паскал Сикам од Торонто и Џоел Ембид од Филаделфија.

НБА-лигата следната недела ќе ги објави и седумте резерви од Истокот и Западот.