четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Кошарка

Познати петорките за „Ол стар“ натпреварот во НБА-лигата

Познати петорките за „Ол стар“ натпреварот во НБА-лигата

НБА ноќеска ги објави стартните петорки за годинашниот „Ол стар“ меч.

За Западот ќе настапат: Леброн Џејмс (капитен), Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурант и Пол Џорџ.

Почетниот состав за Истокот го сочинуваат: Јанис Адетокумбо (капитен), Кајри Ирвинг, Кемба Вокер, Кавај Ленард и Џоел Ембид.

Составите ги избраа навивачите, новинарите и играчите. Резервите ќе бидат објавени идната недела.

Натпреварот на ѕвездите во најсилната светска кошаркарска лига оваа година ќе се одржи на 17 февруари во Шарлот.