сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 56
home Кошарка

Познат составот на Италија кој ќе настапи против Македонија

Познат составот на Италија кој ќе настапи против Македонија

Мео Сакети, селекторот на кошаркарската репрезентација на Италија , во првиот меч од балонот“ во Перм, ги одбра дванаесетте кошаркари кои ќе настапат во дуелот против нашиот национален тим

Од оние четиринаесет кошаркари кои ги поведе на пат за Русија, предводникот на „аѕурите“ одлучи на трибините да се најдат двајца кошаркари: Микеле Витали, Симоне Заноти.

За дуелот против Македонија ќе настапат : Никола Акеле, Давиде Алвити, Томасо Балдасо, Филипо Балди- Роси, Џордано Бортолано, Леонардо Канди, Амедео Дела Вале, Габриеле Процида, Џампаоло Ричи, Матео Спањоло, Марко Спису и Амедео Теситори.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра утре (четврток) од 15:30 часот.