понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 178
home Кошарка

Последен Олстар за Леброн Џејмс?!

Последен Олстар за Леброн Џејмс?!

Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, Леброн Џејмс покрај четирите „прстени“, има и перфектни четири победи како капитен на Олстар натпреварите, извоедни против составот на Стеф Кари со 2018, составите ја Јанис Адетокумпо во 2019 и 2020 година, како и победата на последниот натпревар против тимот на Дурент изминатата вечер.

„Се надевам дека ќе ми дозволат да се пензионирам како Олстар капитен, па да можам да одам во пензија со перфектни 4-0. Тоа ми е желбата, но ќе видиме што ќе биде. Секогаш се трудам да го изберам правиот тим, а имав среќа што го правев тоа четири години“ – изјави Леброн по натпреварот.

Aсот на Лејкерс има договор со тимот од Лос Анџелес до крајот на сезоната 2022/23, а овој „тајминг“ не е случаен бидејќи се поклопува со завршувањето на средно училиште на неговиот син, Брони Џејмс. Леброн не го крие интересот да игра на паркетот заедно со неговиот син, но за тоа ќе треба да се поклопат повеќе работи, а една од нив е менување на драфт правилото за играч кој завршил средно училиште да може да се пријави на драфтот.

Зборејќи за медиумите по средбата, седумнаесеткратниот Олстар играч изјави дека тоа е долгорочниот план, па јасно е дека пред 36-годишникот се најмалку уште две години игра во најсилната кошаркарска лига, но дали истото ќе важи и за Олстар натпреварите, за кои Леброн во повеќе наврати изјавуваше дека се исцрпувачки, останува да видиме.

„Да играм со Брони дефинитивно е една од моите цели, но тоа е долгорочен план. Мојот син моментално игра во средно училиште и ужива во тинејџерските години. Но, би било навистина „кул“ да играм со него“ – додаде Џејмс.

Локални избори 2021