среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 74
home Кошарка

Порази на ТФТ и ФМП Академија во БИБЛ лигата

Порази на ТФТ и ФМП Академија во БИБЛ лигата

Македонските тимови ТФТ Скопје и Навико Академија ФМП вечерва запишаа порази на гостувањето кај Ибар и Макаби Некст Урбан Хаифа во рамки на Балканската БИБЛ-лига.

Во тесен и неизвесен натпревар Ибар Розаје со 79-77 го совлада ТФТ. За Ибар тоа беше прв сезонски триумф на четири одиграни натпревари, додека ТФТ е со половичен успех во рамки на групата Б со три победи и три порази.

Во следното коло скопјани гостуваат во Приштина кај Сигал, а натпреварот се игра во понеделник.

Макаби немаше проблеми против Навико Академија ФМП и запиша победа од 95-73. За македонскиот состав ова беше втор пораз во два дена на мини-турнејата во Израел, бидејќи загуби и од Хапоел Галил Елион. Глен Рајс Јуниор со 17 поени ги предводеше домаќините, а

Стефан Крстајиќ со 16 поени беше најефикасен кај нашиот тим, додека Лука Стојановски постигна 14, а Леонид Тодоровски еден поен помалку.

Навико Академија ФМП има три порази на три натпревари во рамки на групата А, а за седум дена гостува кај Балкан.

Коронавирус