среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Кошарка

Порази на Јута и Милвоки, Мајами го изненади Феникс

Порази на Јута и Милвоки, Мајами го изненади Феникс

Мајами Хит издвојува победа на гостувањето кај Феникс Санс со 123-100. Триумфот е кај одличниот шут за три поени каде жешките од 44 обиди, погодија дури 22 тројки, и го изедначија клупскиот рекорд.

Резервата Тајлер Хиро со свој сезонски рекорд од 33 поени, беше предводник на Мајами, кој беше без дури 11 играчи. Данкан Робинсон уфрли осум тројки, и заврши со 27 поени, негова најефикасна партија сезонава. Кај Феникс, најефикасен беше Девин Букер со 26 поени.

Изненадувачки порази претрпеа и Јута и Милвоки. Јута беше надиграна од Пејсерс, кај кои Домантас Сабонис постави личен рекорд од 42 поени.

На Бакси кој има три порази на последните четири меча, не помогнаа 43-те поени на Јанис Адетокумбо. Бостон го запре Њујорк на само 75 поени во меч на кој Џејлен Браун го направи првиот трипл-дабл во кариерата.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 114-106, Детроит – Орландо 97-92, Индијана – Јута 125-113, Бостон – Њујорк 99-75, Феникс – Мајами 100-123.

Коронавирус