понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 181
home Кошарка

Пораз на ТФТ во БИБЛ лигата

Пораз на ТФТ во БИБЛ лигата

Кошаркарите на ТФТ со 66-67 забележаа минимален пораз на домашен терен од Ирони Нахариа во натпревар од БИБЛ лигата.

Подобриот период за гостинот донесе пресврт пред паузата и Ирони замина на пауза со минимлна предност од 35-38.

Минималната негатива на избраниците на Боро Смилковски продолжи и во третата четвртина. Тоа придонесе неизвесност околу победникот на овој меч. Последната одлучувачка четвртина припадна на домаќините, но победата ја понесе тимот на Ирони со еден поен разлика.

Џермејн Бишоп со 18 поени се истакна кај ТФТ, а кај гостите најефикасен беше Дастин Томас со 19 поени.

фото:гол.мк

Коронавирус